Автобус се заби во наплатна рампа во Русија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Несреќа во Русија: Автобус полн со патници се заби во наплатна рампа и се преврте, 39 патници се повредени

Страшна сообраќајна несреќа се случи во Русија кога автобус полн со патници се заби во наплатна рампа на автопат по должината на рутата Луганск-Москва.

Од вкупно 48 лица што патувале во автобусот, 39 се повредени, а пет се хоспитализирани во тешка состојба.

Видео од безбедносната камера го снимила моментот кога возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото во раните утрински часови во вторник, предизвикувајќи возилото странично да удри во наплатната рампа, а потоа и да се преврти.

Како што може да се види на снимката, во областа преовладува густа магла, а локалните власти спроведуваат истрага за околностите на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот