
ВИДЕО | Необичен инцидент во Вашингтон: Фрлен предмет низ прозорецот на Белата куќа
Видеоснимка која се појави на социјалните мрежи предизвика бура од реакции откако на неа наводно се гледа како непознат предмет се фрла од прозорец на горниот кат од Белата куќа.
Препорачано
Клипот, објавен првично на Инстаграм профилот Washingtonian Problems (@washtonianprobs), според администраторите бил доставен анонимно. На снимката се забележува како лице се приближува до прозорец и испушта предмет кон земјата, иако не е јасно за каков предмет станува збор, пишува Њузвик.
What is going on here? pic.twitter.com/Sy0lRUEXPq
— PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) September 1, 2025
Снимката брзо беше преземена и споделена од други профили, меѓу кои и популарниот налог „Republicans Against Trump“ (@RpsAgainstTrump) на мрежата X. Тие го придружија видеото со коментар: „Што, по ѓаволите, се случува?“ – што дополнително ја засили мистеријата и отвори простор за шпекулации.
Некои корисници реагираа со доза на хумор, поставувајќи прашања дали Белата куќа прави „генерално чистење во недела“, додека други изразија загриженост околу безбедноста и транспарентноста на настанот.
Од американските власти досега нема официјален коментар ниту потврда за автентичноста на снимката, што уште повеќе го подгрева интересот околу случајот.