Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Некогашен македонски хеликоптер „Ми-24“ во акција во Украина

На социјалната мрежа „Икс“, украински воен блогер кој редовно објавува за воените дејствија во неговата земја, објави снимка на која тврди дека се гледа еден од советските хеликоптери „Ми-24“ кои Македонија ѝ ги донираше на Украина, како изведува напад врз руски цели во Донецк.

„Поранешен хеликоптер од Северна Македонија „Ми-24“ и украински нападно-транспортен хеликоптер Ми-8 со ненаведувани проектили напаѓаат руски цели во регионот Доњецк“, пишува во објавата.

Од самата снимка не може да се потврди дали таа е актуелна и во што стрела хеликоптерот.

Македонија во 2023 година ѝ подари на Украина повеќе борбени хеликоптери „Ми-24“, кои се од советско производство, а земјава ги набави од Украина во времето на воениот конфликт во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот