Антиваксери
Антиваксери загрижени за административците / Фото: Слободен печат, Мирослава Бурнс

ВИДЕО | Не за вакцини, ДА за теории на заговор: Чавки вртат над Собрание, ќе станеме роботи

Пред Собранието на РСМ вечерва беше најавен протест на административните работници кои согласно новите мерки треба да имаат вакцинален сертификат или негативен ПЦР-тест за да можат да дојдат на работа.

Но, се чини дека протестот беше на автиваксери и теоретичари на заговор. Пред демонстрантите се обратија организаторите на протестите кои бегло споменаа дека им се загрозени човековите права со задолжителна вакцинација – иако таква мерка не е донесена ниту би била донесена оти е противуставна.

Но, затоа имаше цела низа фантастични приказни.

Терапијата против ковид е смрт, вакцината е отров, Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата. Вакви беа пораките и теориите на заговор испратени вечерва од пред Собранието.

Околу 500 граѓани се собраа најголемиот дел без маски и побараа слобода на избор, повикаа ако им се бара вакцинален сертификат граѓаните да ги напуштаат работните места.

Погледнете во видеото

ФОТО+ВИДЕО: Административците на протест – не сакаат вакцинален сектификат ни ПЦР тест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот