Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО: Не сме ниту мирни, ниту невидливи, нашето постоење е отпор – пораки од Парадата на гордоста
Денеска во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“, која оваа година беше фокусирана на колективното застапување на човековите права и правата на ЛГБТИ+ заедницата.
Препорачано
Годинава имаше само протестен марш, без традиционална прослава. Организаторите истакнаа дека одлуката за протест е одговор на зголемениот говор на омраза, институционалното молчење и запоставувањето на правата на ЛГБТИ+ заедницата.
„Додека светот гори од војни и климатски колапс, а државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност, ние ЛГБТИ+ луѓето одбиваме да учествуваме во тоа. Ниту сме тивки, ниту виновни, нашето постоење е доказ дека постојат други начини на соживот и отпор. Не нудиме бегство тук уалтернатива. Се што не се базира на експлоатација, страв и контрола, туку радиканла грижа, солидарност и колективно ослободување“, кажа една од учесничките на протестот.
На бината се обрати и мајка на ЛГБТИ+ дете, обраќајки се до министерката за образование Весна Јаневска.
„Не можете да ги тргнете ЛГБТИ+ децата во ресурсни центри како што ги отстранувате децата со попреченост, па ги препуштивте на сулеџиството од соучениците и наставниците. Директорот на училиштето во кое учи моето трансродовото дете, јавно се радуваше на трансфобните политки на Трамп. Кога ќерка ми го искритикува за изјавите, наместо да сноси одговорност, вашите политики му овозможија да покажува надмоќ. Ме загрижува светот кој го кроите кога сметате дека филозофијата, етиката и логиката се непотребни. Ниту едно дете не заслужува иднина во која критичката мисла и епматијата се неприфатливи, а омразата и слепата послушност идеал“, изјави таа.
Маршот започна во Паркот „Жена борец“, а потоа учесниците се упатија кон Собранието, а потоа и пред Министерството за образование и наука и Владата, барајќи поголема поддршка и заштита од страна на институциите.
На протестот можеа да се забележат и транспарентни против насилството врз палестинскиот народ, а присутните побараа и правда за трагедијата во Кочани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
5мин
-
12мин
-
15мин
-
27мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5