
ВИДЕО | Не помогнаа ни 44 поени на Јокиќ: Денвер пред елиминација од Оклахома
Кошаркарите на Денвер нагетс се пред елиминација од плејофот на НБА лигата, откако претрпеа нов пораз (112-105) од тимот на Оклахома која сега води со 3-2 во серијата. И покрај уште една феноменална партија на српскиот центар Никола Јокиќ, кој постигна дури 44 поени, забележа 15 скокови и 5 асистенции, тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
Препорачано
Покрај Јокиќ, единствениот расположен играч во редовите на шампионот беше Џамал Мареј, кој натпреварот го заврши со 28 поени. Но, слабата форма на останатите играчи го чинеше Денвер скапо. Особено разочараа Расел Вестбрук и Мајкл Портер, кои од поле шутираа само 1/7. Вестбрук натпреварот го заврши со 4, а Портер со само 2 поени.
На другата страна, Оклахома до победата ја предводеше извонредниот Шеј Гилџес-Александер, кој блескаше со 31 поен, 6 скокови и 7 асистенции. За разлика од Јокиќ, имаше одлична поддршка од соиграчите, уште пет кошаркари на Тандер постигнаа двоцифрен број на поени. Најмногу Џејлен Вилијамс, 18 поени.
Оклахома сега води со 3-2 во серијата и ѝ е потребна само една победа за да се пласира во второто коло од плејофот, додека Денвер мора да победи на двата преостанати натпревари.
Следниот дуел се игра во Денвер, во ноќта помеѓу четврток и петок, со почеток од 2:30 часот по македонско време.