
ВИДЕО | Натпреварувачка на хрватскиот „Суперталент“ ги шокираше сите: Свири на флејта со вагината
Австралијката Беатрис МекКиф со својата „вештина“ ги шокираше жирито и публиката на хрватскиот натпревар „Суперталент“. Имено, таа свирела на флејта користејќи ја својата вагина.
Препорачано
Таа работи како хируршки асистент, а како хоби се занимава со гимнастика и циркуски вештини.
“Ми се допаѓа што можам да им помагам на луѓето и на крајот од денот да си одам дома знаејќи дека сум придонела за нечиј живот. Сите во моето семејство беа надарени за музика. Сè започна со тоа што свирев на флејта во основно училиште. Мојата наставничка рече дека нема надеж дека некогаш ќе свирам добро. Потоа почнав да се занимавам со циркуски вештини како хоби. Открив дека можам да правам некои работи со моето тело што другите луѓе не ги прават. Мојот настап може да биде опасен ако паднам.” изјавила таа.
Гледачите биле предупредени пред нејзиниот настап дека овие сцени може да ги вознемират.
Мартина Томчиќ остана без зборови. Маја Шупут во еден момент сфатила дека Беатрис ја „свири“ детската песна „Иде маца око тебе“.
Од уметничка страна, морам да ве прашам како создавате мелодија?“, прашала Маја Беатрис.
”Работа со прсти. Јас пораснав со гимнастика и понекогаш кога си наопаку тоа едноставно се случува. Мислев дека можеби би можела да ја искористам таа вештина и да создадам цел настап“, одговорила Беатрис.
Мартина гласала „не“, а Фабијан Павао Медвешек и Давор Билам гласаале со „да“. Одлуката останала на Маја.
„Го ценам тоа, но не. Навистина им давам „да“ на сите, но не можам да го направам ова. Не можам, луѓе. Не сум како Мартина. Ако жената сака да ја покаже ‘онаа работа’ , нека ја покаже“, изјавила таа.