
ВИДЕО | Најпознатиот јутјубер во светот му подари куќа на потполно непознато момче
Најопопуларниот јутјубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како Мистер Бист (MrBeast), подарил куќа на потполно непознато момче.
Препорачано
На Ноќта на вештерките, Мистер Бист решил да изненади случајно дете кое се појавило на вратата од куќата со маска. Тој објави видео од дете облечено во крава како доаѓа до вратата од куќата што Мистер Бист ја купил со намера да ја подари.
„Ми се допаѓа твојот костим, еве ти го клучот за оваа куќа“, лежерно му рече Мистер Бист на збунетото момче.
Момчето било придружувано од семејството, кое дошло да провери што се случува. Сепак, тие го препознале Мистер Бист, кој инаку е познат по тоа што често прави слични работи, па брзо сфатија дека тоа навистина не е шега.
„Мило ми е што сте ги гледале моите видеа бидејќи во спротивно ова би било навистина чудно“, се пошегувал јутјуберот.
@mrbeast I ran out of candy so I gave away my house instead ? #halloween #trickortreat #house #candy ♬ original sound – MrBeast
Патем, Мистер Бист е најуспешниот дигитален креатор во 2023 година, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари. Тој има над 200 милиони следбеници на Јутјуб.
Своето прво видео на Јутјуб го објавил кога имал само 13 години, во февруари 2012 година. Првите неколку години се обидувал да го победи алгоритмот на платформата за да собере што е можно повеќе претплатници и прегледи, но тоа не му успевало.
Сега прави неколку видови видеа за кои вели дека секогаш знае дека ќе станат вирални. Ова вклучува различни предизвици или споделување пари или вредни работи. Како што растел неговиот канал, тој можел да ги ангажира своите пријатели од детството да му помогнат, а тие и самите станале популарни Јутјубери.