Бомбашки напад прд воена база во Колумбија/Фото: Long Visual Press, Long Visual Press / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Најмалку пет мртви и 36 повредени во бомбашки напад пред воздухопловна база во Колумбија

Возило полно со големо количество експлозив експлодираше пред воздухопловна база во Кали, третиот по големина град во Колумбија при што загинаа најмалку пет лица, а 36 се повредени, според новиот извештај објавен од градоначалникот Алехандро Едер.

„Бомба беше детонирана“ во близина на воената база Марко Фидел Суарез, соопшти полицијата.

Градоначалникот на Кали, Едер, пред новинарите го опиша нападот како „наркотерористички“.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат луѓе на терен додека спасувачите пружаат прва помош, камион во пламен, неколку други оштетени возила и скршени прозорци.

„Слушнавме звук од огромна експлозија во близина на воздухопловната база“, изјави за АФП 65-годишниот Хектор Фабио Боланос, додавајќи дека видел многу повредени луѓе како лежат на земја.

Властите брзо ги евакуираа присутните во зградите и училиштето во близина на местото на експлозијата.

Сè уште не е јасно која од вооружените групи што дејствуваат во Колумбија стои зад бомбашкиот напад.

Шефот на владата на префектурата, Дилијан Франциска Торо, исто така зборуваше за „терористички напад“ и додаде: „тероризмот нема да нè победи“.

Во јуни, дисидентска фракција на поранешниот ФАРК, Централниот генералштаб (ЕГШ), ја презеде одговорноста за серија бомбашки напади и други напади во и околу Кали, што резултираше со смрт на седум лица, пет цивили и двајца полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот