Тајфунот Рагаса пустоши во Азија/Фото: Eduardo Leal / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Најмалку 14 мртви и десетици исчезнати во Тајван откако помина тајфунот Рагаса

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 30 други се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето уништи природен речен насип и предизвика поплави во источен Тајван, соопштија локалните власти.

Лизгањето на земјиштето се случи во вторник кога тајфунот Рагаса (или Нандо) го погоди островот и предизвика излевање на реката, предизвикувајќи широко распространети поплави и заробувајќи стотици жители во источниот дел на Тајван.

Според владини податоци, околу 60% од населението од 8.500 жители во округот Хуалиен, или околу 5.200 луѓе, се одлучиле за „вертикална евакуација“ – наоѓање засолниште на највисоките катови од своите домови – додека поголемиот дел од останатите ја напуштиле областа со своите семејства.

Кинеските власти предупредуваат на бранови високи до пет метри. Досега во Гуангдонг се евакуирани околу 370.000 луѓе, бидејќи властите предупредуваат на „катастрофална“ ситуација.

Во вторник, полиците на супермаркетите во Хонг Конг беа испразнети од свеж леб, зеленчук, месо и инстант тестенини, додека жителите се подготвуваа да се засолнат.

Кинеската метеоролошка агенција го нарече тајфунот Рагаса „Крал на бурите“ и се очекува дека во наредните денови ќе се движи кон северен Виетнам, потенцијално погодувајќи милиони луѓе.

Во градовите низ јужна Кина, дуќанџиите натрупаа вреќи со песок пред своите продавници како подготовка за доаѓањето на бурата, а жителите во ниските крајбрежни области беа особено загрижени за плимните бранови.

Рагаса, исто така, погоди оддалечен остров во северните Филипини во понеделник, при што загинаа најмалку едно лице, бидејќи илјадници семејства ја евакуираа областа пред бурата да стигне до копното.

Училиштата и владините канцеларии беа затворени во големи делови од земјата, вклучувајќи го и главниот град Манила.

ВИДЕО | Тајфунот Рагаса им се заканува на Филипините со ветрови од 250 км/час

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот