индиски патнички авион се урива притнскрин ИКС

ВИДЕО| Најмалку 133 лица загинаа во авионска несреќа при полетување во западна Индија

Најмалку 133 лица загинаа денес кога патнички авион на „Ер Индија“ се урна при полетување на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад во државата Гуџарат, со 244 патници, објавија локалните медиуми. Индискиот канал „News18“ претходно објави дека најмалку 40 лица загинале во авионската несреќа.

Авионот се урна во хотел за медицински работници, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извори. Министерот за одбрана на Индија, Раџнат Синг, изрази сочувство за жртвите од трагичната авионска несреќа во Ахмедабад.

Авионот се урна во просториите на Медицинскиот колеџ и Граѓанската болница во Ахмедабад, изјави претседателот на Федерацијата на индиски медицински здруженија (FAIMA).


 

Од вкупно 244 патници, 169 се Индијци, 53 Британци, еден Канаѓанец и седум Португалци, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на информиран извор. Од вкупниот број патници, 217 биле возрасни, а 11 биле деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот