Фото: Принтскрин, Твитер

ВИДЕО: Надвозник се урна во близина на грчкиот град Патра, едно лице загина осум се повредени

Дел од мостот на влезот во грчкиот град Патрас денеска се урна, а портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош.

Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица.

Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки.

Од четвртокот, 20 јули конкретниот надвозник е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се за да се урне и одново да се изгради.

Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот