Светски ден на ХОББ / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Над 100.000 граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ

Граѓаните денеска имаа можност да направат бесплатни прегледи за процена на дишењето по повод Светскиот ден на Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Настанот беше организиран од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Скопје, во соработка со Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија и студентски организираната медицинска асоцијација (СОМА), Штип.

Светските статистики покажуваат дека 10 отсто од населението боледува од ХОББ и дека оваа болест е една од водечките за смртност.

-Во Македонија е голем процентот на болни од ХОББ, односно повеќе од 100.000 луѓе. Главната причина за високиот процент е пушењето, а нашата земја е трета европска земја по пушење. Многу од пациентите не се ни свесни дека ја имаат болеста или ги игнорираат симптомите. Со денешниот настан сакаме да ја подигнеме свеста за оваа болест кај граѓаните – вели за „Слободен печат“ доц. д-р Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Годинава Светскиот ден на ХОББ се одбележува под мотото „Дознај ја функцијата на твоите бели дробови“.

-Сакаме да го едуцираме населението, а воедно на лице место правиме и бесплатни прегледи на кои вршиме прелиминарна процена на белите дробови со мерење на кислородот во крвта т.е сатурација – рече доц. д-р Зорица Нановиќ, претседател на Здружението на пневмофтизиолози на Македонија.

Овој настан е од големо искуство и за студентите од Студентски организираната медицинска асоцијација (СОМА) Штип.

-Оваа граѓанска акција не е самоиницијатива за подигнување на свеста туку и конкретен поттик за подобрување на животните услови за оние кои се болни од пулмолошки болести, но и за оние кои не се ни свесни дека ги имаат – рече Мила Коцева, студентка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!