Фото: ТВ Тера - Битола

ВИДЕО: На првиот поголем дожд распука нов асфалт на влезот во Битола

Распука новиот асфалт од булеварскиот влез на Битола, само неколку денови откако беше соопштено дека работите се во финална фаза и дека Битола добива нов булеварски влез, јавува телевизијата „Тера“.

Делови од новиот асфалт на тротоарот во населбата Горно Оризари значително се подигнале над предвиденото ниво. На некои места земјата пропаднала и се направиле дупки веднаш до тротоарот. Местото каде се настаните оштетувањата денеска е оградено со зелени заштитни платна.
Во овој реон општината работи на проект за реконструкција на коловозот во должина од 1,3 километри. Активностите се дел од изградбата на булеварски влез во градот широк 27,5 метри.

Од општината велат дека причината за подигнатиот асфалт е дождот.

„Во текот на вчерашниот ден, по обилните врнежи од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока. Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба“, соопштија од општината.

Стручни екипи проверуваат како настанала штетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот