протести франција EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

ВИДЕО| На протестите во Франција уапсени 55 лица 

Најмалку 55 лица беа уапсени на протести низ Франција денес, од кои 22 лица беа уапсени во Марсеј, а седум во Парискиот регион, стои во извештајот на француската полиција.

Полицијата и жандармеријата регистрираа 170 протести во Франција, вклучувајќи 63 блокади, а поради протестите, сообраќајот беше нарушен на неколку линии на јавниот превоз во Парискиот регион, јавува телевизијата BFM.

Во Франција, за денес се најавени 250 собири по повод Денот на социјалната мобилизација, а се очекува дека на нив низ целата земја ќе учествуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти, според француските медиуми.

Во Монпелје беа блокирани неколку средни училишта, како и Факултетот за природни науки и математика, а обидот за блокирање на средното училиште „Рене Гос“ во Клермон л’Еро беше спречен со помош на припадници на жандармеријата.

Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, денес се очекува да протестираат во Париз помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе, јавува BFM TV.

Синдикатите најавија масовен одѕив на едукатори, студенти, транспортни работници, таксисти и работници во индустријата, додека речиси 80.000 полицајци ќе бидат распоредени за да обезбедат јавен ред и да спречат немири.

Според податоците, околу 33 проценти од наставниците во основните училишта и вработените во предучилишните установи учествуваат во протестите, според BFM TV.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејтаљо рано утрово извести за „обид за блокади“ во Парискиот регион, особено автобуските станици во Обервилие и Сен Дени.

Прекини во јавниот превоз се пријавени во неколку поголеми градови низ земјата, вклучувајќи ги Лион (трамвај, автобус), Марсеј (автобус), Лил (метро, ​​трамвај, автобус), Тулуз (метро, ​​автобус), Бордо (трамвај, автобус), Нант (трамвај, автобус) и Стразбур (трамвај, автобус), според BFM TV.

Тој конкретно предупреди на потенцијални закани од ултралевичарски групи кои би можеле да се обидат да се инфилтрираат во официјалните демонстрации, нагласувајќи дека постои „значаен ризик од нарушување на јавниот ред“.

Околу триесет ученици го блокираа средното училиште „Морис Равел“ во Париз, објави Фигаро.
Обид за саботажа на водоводната мрежа беше спречен на Мартиник, објави полицијата.

Се вели дека полицијата интервенирала на автобуската станица во Париз и употребила солзавец.
Ретаљо претходно испратил телеграма до префектите низ цела Франција во која ги наведува насоките и целите за обезбедување на јавниот ред за време на претстојните протести.

На претходниот протест, одржан на 10 септември, се собрале речиси 197.000 луѓе, според податоците од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот