Протести во Нов Зеланд/ Фото: Твитер

ВИДЕО | На Нов Зеланд четврти ден антиваксерски протести

Голем број демонстранти, кои денеска повторно се собраа пред зградата на Парламентот на Нов Зеланд во Велингтон, бараат укинување на задолжителната вакцинација против коронавирус и одбиваат да ги прекинат протестите и покрај апсењата.

Полицијата со опрема за немири упадна на собирот во петокот, при што беа уапсени 120 демонстранти. Таа денеска соопшти дека во текот на ноќта немало никакви инциденти околу собраниската зграда, иако две лица се приведени поради недолично однесување поради алкохолизам.

„Полицијата продолжува да го мери пристапот до демонстрантите, кои влегуваат на територијата на парламентот и неколку пати од нив беше побарано да го напуштат“, се вели во соопштението на надзорникот Кори Парнел.

Ова е четврти ден по ред како неколку илјади демонстранти, инспирирани од протестите на камионџиите во Канада и ги „окупираа“ тревниците во главниот град Велингтон и ги блокираа околните улици со своите камиони, автомобили, камперски комбиња и мотоцикли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот