Орхан Муртезани / Фото: „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Муртезани: ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки по војната во Украина

Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, рече Муратезани.

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека Европската унија е позаинтересирана за прием на нови членки особено од почетокот на руската инвазаија врз Украина. Тоа е видливо, рече Муртезани, пред почетокот на неформалната средба со неговите колеги од 27-те земји членки на ЕУ и државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина.

„Европа е многу позаинтересирана, особено со постепената интеграција, за што правиме се што можеме. Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, рече Муратезани.

Според него, денешниот собир во Копенхаген не е само состанок, туку е и порака дека земјите кандидатки за членство не се оставени надвор, туку седат на иста маса со државите членки на ЕУ.

„Тоа е вистинскиот дух на процесот на проширување, истакна Муртезани.

Тој нагласи дека мотото на собирот „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ уште еднаш ја испраќа пораката дека постои само еден патоказ и еден сет критериуми за зачленување во ЕУ – Копенхашките критериуми.

„Поради неколкуте политички пречки Северна Македонија чека предолго, но ние сме посветени на нашата европска иднина и се обидуваме да ја обезбедиме, додаде Муртезани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!