Фото Twitter Screenshot

ВИДЕО | Мрак во Франција: Поради силен ветер 250 илјади домаќинства останаа без струја

Поради вечерашните силни ветрови повеќе од 250.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а железничкиот сообраќај беше прекинат во Франција, главно во Нормандија.

Околу 250.000 домаќинства останаа без електрична енергија на северот од земјата, објави Енедис, дистрибутер на електрична енергија во Франција, пренесува Франс 24.

Околу 3.000 техничари се распоредени на терен за итни интервенции.

Железничкиот сообраќај е прекинат на северот од земјата.

Бројни интернет корисници пријавиле потешкотии во пристапот до социјалните мрежи и споделиле фотографии од соборените дрвја што го блокирале преминот на патиштата.

„Поради силни налети на ветер, дрвјата се срушија и го нарушија сообраќајот во провинциите Ил-де-Франс и Нормандија на север и Лорен на исток“, објави министерот за транспорт Жан-Батист Џебари на Твитер.

Бурата Аурора, која вчера попладне ја погоди северна Франција, вечерва се прошири и на истокот на земјата.

Петнаесет француски оддели на истокот се уште се во состојба на жолта готовност, според Метео Франција, предупредувајќи на силни налети на ветер што брзо се движат кон регионот Шампањ-Арден, како и кон Лорен, но тие веќе го губат интензитетот.

Портокаловото предупредување беше укинато во сите погодени одделенија во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот