Фото: Twitter/ Arkeonews

ВИДЕО | Мрачно откритие: Пронајден „портал на подземјето“ стар 2.000 години, се користел за повикување мртви

Скриени длабоко во пештерата Теомим во Ерусалим, истражувачите открија докази за ритуални магиски практики кои датираат од антиката. На местото, пронајдени се човечки черепи и ками кои укажуваат на мрачни церемонии, каде што некромантите можеби се обидувале да ги повикуваат духовите на мртвите, пишува „Инсајдер“.

Во новата студија, истражувачите од Израелската управа за антиквитети и Универзитетот Бар-Илан ги прецизираа резултатите од повеќе од една деценија истражувања на 120 светилки, кои биле пронајдени во пештерата, а кои датираат од доцниот римски до раниот византиски период или од крајот на вториот до четвртиот век.

„Сите овие светилки беа намерно вметнати во тесни, длабоки пукнатини во ѕидовите на главната комора или под урнатините. Некои пукнатини содржеле групи на маслени ламби измешани со оружје и керамички садови од претходните периоди или поставени со човечки черепи“, напишале Ејтан Клајн и Боаз Зису, автори на студијата.

Фактот дека светилките биле толку длабоко вметнати во скриените, тешко достапни пукнатини, сугерира дека осветлувањето на темната пештера не била нивната единствена цел. Покрај светилките, било пронајдено и оружје, вклучувајќи ками и глави од секири, заедно со три човечки черепи. Кај черепите не се пронајдени дополнителни човечки коски.

Фото: Twitter/ Ticia Verveer

По истражувањето на историските извори на папирус, во кои се објаснети магии и обичаи, археолозите велат дека овие артефакти од пештерата за време на доцноримскиот период, најверојатно биле користени како дел од церемониите на некромантија.

„Една магија објаснува како да се држат и запечатат устата на черепите за да не кажат или прават нешто. Друга покажува како да се подигне духот на мртвите со череп: магијата е напишана со црно мастило на лист од лен, кој потоа се става на черепот.“, велат авторите.

Во тоа време, пештерата, се сметала за потенцијален портал за подземјето, пророштво и физичка претстава на хтонско божество – на кое вештерките му ја посветиле својата ритуална магија. Особено светилките, биле користени за привлекување духови во царството на живите.

Не е пронајден доказ за жртва на живи индивидуи, па камите и другото оружје пронајдени во пештерата најверојатно служеле како талисмани за заштита од духовите, за кои се вели дека се плашеле од метал – особено од бронза и железо.

Човечката жртва била забранета во 97 пр.н.е. од страна на Римскиот Сенат. До 357 н.е., забележуваат истражувачите, некромантноста била забранета од страна на императорот Констанциј II, кој поради стравот од употреба на магии против него, ги забранил „сите форми на гатање, комуникација со демони, нарушување на духовите на мртвите и ноќни жртви“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!