ВИДЕО: Монтажа му „стави зборови во уста“ на американски сенатор, Русите распишаа потерница по него

Русија издаде налог за апсење на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, поради монтирана снимка од неговата средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Греам се сретна со Зеленски, а на Твитер се појави монтирано видео од неговите изјави. Во видеото, тој се чини дека изјавува дека фактот дека Русите умираат сe „најдобро вложени пари“.

Снимката ги налути руските функционери, од кои дел дури повикаа на убиство на сенаторот.

Вистинската верзија на разговорот ја објавија од кабинетот на Зеленски. На снимката се гледа како Греам всушност вели дека „испраќањето американска помош за Украина беше вредно инвестирање во глобалната безбедност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот