Фото: AC Milan

ВИДЕО: Модриќ херој за Милан во победата над Болоња

Фудблерите на Милан во рамките од третото коло славеа минималн победа над Болоња со 1-0.

Милан беше подобар противник на теренот и создаде повеќе шанси, но на крајот победникот беше решен само со еден гол.

Се играше 61. минута од средбата кога Лука Модриќ се најде во идеална позициј по додавањето од Салемакерс и ја смести топката во мрежа.

Возбудувања имаше и во самата завршница кога судиите прво покажаа пенал за Милан, но на крајот по реакција од ВАР пеналот беше поништен. Поради протести тука исклучен беше и тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.

„Росонерите“ до крајот спека го задржаа водството и славеа победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот