Фото: EPA/Alessandro Di Marco

ВИДЕО | Мируваа мрежите на Јувентус и Милан, Пулишиќ не реализираше пенал

Фудбалерите на Јувентус и Милан денеска во дербито од шестото коло во Серија А одиграа реми (0:0). Трагичар на мечот беше напаѓачот на гостите, Кристијан Пулишиќ кој не реализираше пенал во 54 минута.

После ова коло Милан е третопласиран со 13 бодови на табелата во италијанскиот шампионат, додека Јувентус е на петтата позиција со 12 бодови.

Водечки се Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Рома со по 15 бодови, додека Интер има 12 бодови колку и Јувентус.

Ова беше петто реми по ред за „Старата дама“ во сите натпреварувања, а трето во Серија А.

Серија А
Недела, резултати:

Удинезе – Каљари 1:1
Болоња – Пиза 4:0
Фиорентина – Рома 1:2
Наполи – Џенова 2:1
Јувентус – Милан 0:0

Табела: Наполи 15 бодови, Рома 15, Милан 13, Интер 12, Јувентус 12, Аталанта 10, Болоња 10…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот