Арбен Фетаи / фото: Фејсбук

ВИДЕО | Министерот за добро владеење не е спремен да зборува македонски, но има безбедносен сертификат „државна тајна“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи има безбедносен сертификат и покрај двојното државјанство, но на новинарско прашање не знаеше да одговори дали безбедносниот сертификат е со степен „државна тајна“.

Откако ги праша своите колеги од Влада дали има безбедносен сертификат од највисок степен, одговори дека има сертификат „државна тајна“ и дека учествува на владините седници каде се споделуваат класифицирани информации, на новинарска забелешка дека според Закон оној кој има двојно државјанство не може да поседува безбедносен сертификат „државна тајна“.

Фетаи денеска на прес-конференција за промоцијата на новите регистарски таблички за службените возила зборуваше и одговараше на прашањата само на албански јазик. Единствено за неговиот безбедносен сертификат одговори на македонски, а кога новинарите го замолија да ги повтори другите одговори на македонски, тој рече дека „уште не е спремен“ да одговара на македонски јазик.

Фетаи е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Демократското движење Вреди, односно од Алијанса за Албанците. Роден е во Куманово, а подолго време живеел во Белгија и има двојно државјанство – македонско и белгиско. Според неговата биографија, зборува албански, македонски, француски, англиски и холандски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот