Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО Министерот Алиу најави реформа на „Мој Термин“

За предизвиците во функционирањето на системот „Мој Термин“ и новините кои се планирани во оваа област разговарале денеска на средба министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани.

-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.

Според Алиу, многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот