Фото: ТикТок / скриншот

ВИДЕО: Мицкоски и соработниците уживаат на „Ромскиот бал“, само за нив ја свират „Милке, душо“

Српскиот естраден уметник Драган Ќирковиќ на социјалните мрежи објави снимка од неговиот настап на годинешниот „Европски Ромски бал“ кој се одржа пред неколку дена во скопскиот хотел „Александар палас“.

На видеото се гледа како премиерот Христијан Мицкоски и дел од неговите блиски соработници, како специјални гости на настанот, од своите почесни места го следат настапот на Ќирковиќ и неговиот оркестар, кој за нив ги пеат песните „Милке, душо“ и „Македонско девојче“. Пејачот во текот на солото ги поздравува премиерот и неговата придружба на српски јазик.

@cira_music Premijer Makedonije uživa u izvedbi orkestra Dragana Ćirkovića Ćire? #nikolaajdinovic #dragancirkoviccira #muzikasabalkana #skopje #mickoski #fy #viral ♬ son original – cira_music

„Ромскиот бал“ е традиционална манифестација на која во изминатите години чести гости беа претставници на највисокиот државен политички врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот