
ВИДЕО: Мицкоски апелира до надлежните и до Владата да се вклучат во решавањето на проблемот со ѓубрето
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечера околу 22 часот излезе заедно со градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на терен за да ја следи состојбата со расчистувањето на ѓубрето од скопските улици кое самоиницијативно го започнаа градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со логистика од другите градоначалници од оваа партија.
Препорачано
-Навистина жалосно е ова што се случува да во 21 век во главниот град на Македонија сме пред, би рекол, зараза која може да ги зафати скопјани и главниот град. Жалам што сето ова се случува и она кое можат да го направат градоначалниците од скопските општини, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прават заедно со помош и поддршка од страна на градоначалниците од другите општини во Македонија, рече вечерва Мицкоски.
Тој посочи дека во акцијата за чистење на скопските општини Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром со механизација се вклучиле градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, градоначалниците на Сопиште и Кавадарци, Стефче Трпковски и Митко Јанчев, Борче Митевски од Петровец и Александар Ѓорѓиевски од Илинден како и градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
-Од овде апелирам до надлежните да ги надминат недоразбирањата, да ги надминат сите оние проблеми кои се случуваат и навистина да им дадат услуга на скопјани онаква каква што заслужуваат, бидејќи на крајот од денот тие за ова издвојуваат од скромниот Буџет, плаќаат за да можат да добијат хигиена онаква барем каква што треба да има еден главен град во 21-век. Апелирам и до Владата да се вклучи да помогне, исто така апелирам и до останатите градоначалници во Скопје кој не се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат и да се вклучат во чистење на овој смет и да можат да го одложат, рече Мицкоски.
Тој повика и на разбирање од страна на депонијата „Дрисла” да го прифати собраниот смет и најави дека акцијата ќе продолжи во текот на целата вечер.
-Се надевам дека утре веќе овој проблем ќе биде надминат, оваа алармантна состојба ќе биде надмината и ќе може непречено да се одвива работата и на ЈП „Комунална Хигиена” но и на останатите општини во Град Скопје, рече тој.
Мицкоски посочи и можно решение на проблемот, а тоа е механизацијата да биде отстапена на општините и тие иако немаат такви ингеренции самите да може да ја одржуваат хигиената кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под надлежност на град Скопје тоа не може да го прави.
– Она кое може ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го направи е сите оние луѓе кои се дел од структурата, дел од општините во град Скопје да можат да дадат се од себе, доколку ги добијат основните средства да можат да ја доведат хигиената на едно ниво кое би било пристојно и ниво за кое скопјани издвојуваат големи средства од својот скромен буџет да имаат пристојни услови, рече Мицкоски.
ВИДЕО: Хаосот со ѓубрето продолжува, „Дрисла“ не ги прима камионите кои вечерва собираа од улиците