Фото: Inter Miami/FB

ВИДЕО: Меси блесна за финале на Интер Мајами, асистенција и на Суарез

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси продолжува да блеска во дресот на Интер Мајами, овојпат носејќи го својот тим до триумф од 3:1 во полуфиналето на Лига купот против Орландо Сити.

Орландо имаше предност до самиот финиш, но Меси го презеде главниот збор. На околу 15 минути пред крајот, погоди од пенал за израмнување, а само неколку минути подоцна со прецизен удар го комплетираше пресвртот за 2-1.

Победата ја запечати Сеговија во судиското продолжение, откако доби одлична асистенција од Луис Суарез.

Интер Мајами сега се подготвува за големото финале, каде што ќе се сретне со Сиетл, а натпреварот е закажан за недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот