Полиција во Мексико/Фото: EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

ВИДЕО | Мексико: Возило падна во провалија, 12 загинати и 4 повредени

Во неделата на северот на Мексико пикап падна во провалија, при што загинаа 12 лица, а четворица беа повредени, соопштија властите.

Возилото со 16 патници паднало во провалија од 120 метри височина во планинска област во државата Нуево Леон, во близина на општината Сантијаго, објасни локалниот функционер Ерик Кавазо.

Дванаесет починале на лице место, четворица други се пренесени во болница каде се уште се на лекување, објасни тој.

Претседателот на градскиот совет на Сантијаго, Давид де ла Пења, процени дека несреќата најверојатно се должи на механички проблем, бидејќи на коловозот не се пронајдени знаци на кочење.

Несреќата предизвикала пожар во шумска површина, кој според надлежните е изгаснат.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Мексико, поради лошата состојба на патната мрежа и големиот број возила, како и возачите кои возат со голема брзина.

На 11 март 32 лица го загубија животот во две сообраќајни несреќи со автобуси на северот и југот од земјава. Минатиот месец 38 лица трагично загинаа во судир на камион и патнички автобус во југоисточен регион.

Несреќите со камиони кои превезуваат стока се намножија во последните години: се верува дека причините се нивната лоша состојба, замор или невнимание на нивните возачи.

Граѓаните се мобилизираат, бараат да се забрани сообраќајот на камионите со двојни приколки и да се воведат строги санкции за компаниите кои не го одржуваат соодветно својот возен парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот