Мексикански нарко босови/Фото: Икс

ВИДЕО | Мексико екстрадираше 26 шверцери на дрога во САД

Мексиканските власти вчера објавија дека уште 26 лица обвинети за трговија со дрога се екстрадирани во Соединетите Американски Држави.

Среде зголемениот притисок на републиканскиот претседател Доналд Трамп за сузбивање на трговијата со фентанил, 29 членови на разни картели беа екстрадирани во Соединетите Држави во февруари.

Трансферот на 26-те лица – чии идентитети не беа откриени – беше направен по „барање на Министерството за правда“ во Вашингтон, кое „се обврза дека нема да бара“ изрекување на „смртна казна“, објаснија во заедничка изјава Федералниот секретаријат (федерално министерство) за безбедност и Канцеларијата на државниот обвинител на Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот