
ВИДЕО | „Ме вративте во детството!“: Деми Ловато запеа со поранешното момче Џо Џонас на јубилејната турнеја на браќата Џонас
Браќата Џонас се дел од музичката сцена од 2005 година и годинава ја одбележуваат 20-годишнината од нивното основање како музичко трио. По тој повод, Џо, Ник и Кевин вчера ја започнаа нивната 13. концертна турнеја, овој пат само низ САД, со наслов „Џонас 20: поздрав од твојот роден град“ (Jonas20: Greetings from Your Hometown Tour).
Препорачано
Првиот концерт го одржаа во градот Ист Радерфорд, во сојузната држава Њу Џерси. На големо изненадување на нивните обожаватели, на сцената се појави еден посебен гостин – пејачката Деми Ловато. Да потсетиме, браќата Џонас и Ловато ги играа главните улоги во филмот „Рокенрол камп“ (Camp Rock) 0д 2008 година. Исто така, Џо Џонас и Ловато беа и во кратка љубовна врска во 2010 година.

Поранешната двојка, на големото и платно и во приватниот живот, ја испеа песната „This Is Me“ и „Wouldn’t Change a Thing“, кои беа дел од саундтракот на овој тинејџерски мјузикл. Откако ја завршија изведбата на „This is Me“, во која вметнаа и стихови од песната „Gotta Find You“, Џо рече дека не ја извеле оваа песна десет години, а Деми кратко додаде: „Можеби и повеќе“.
Нивниот настап предизвика вистинска бура од реакции на социјалните мрежи, каде бројни корисници го искажаа нивното воодушевување.
„Ме вративте во детството“, „Навистина не очекував дека 2025 година ќе ми го донесе ова искуство“, „Мојот омилен пар од филмовите на ‘Дизни’, ве обожавам“, „Драго ми е што Деми делува толку здраво и што повторно сте во убави односи – прекрасни сте“, гласат дел од коментарите.
Деми Ловато за врските со постари мажи: Беше одвратно, завршив со тоа