Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

ВИДЕО: Мбапе со хет-трик го сруши Манчестер сити, ПСЖ со „седмица“ го прегази Брест

Фудбалерите на Реал Мадрид убедливо славеа против Манчестер сити и вечерва со победа од 3:1 го потврди пласманот во следната фаза каде што оди и ПСЖ кој го прегази Брест со 7:0.

Вечер за паметење имаше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик. Првиот гол Французинот го постигна уште во четвртата минута, а по половина час веќе беше 2:0.

Со предност од 2:0 „кралевите“ заминаа на паузата и во вториот дел беше јасно дека „граѓаните“ се пред елиминација бидејќи на првиот натпревар беа поразени со 3:2.

Мбапе хет-трикот го комплетираше на истекот на еден час игра, додека утешниот гол беше дело за гостите беше дело на Нико Гонзалес.

ПСЖ кој претходно го победи Брест со 3:0 вечерва славеше уште поубедливо и со вкупни 10:0 оди во осминафиналето. Стрелци вечерва беа Витиња, Дуе, Мендеш, Рамош, Баркола, Кварцхелија и Мајлулу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот