Доналд Трамп и Елон Маск повторно заедно - Х Извор

ВИДЕО | Маск и Трамп си подадоа рака

Американскиот претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек во светот, Илон Маск, се сретнаа за време на комеморацијата за Чарли Кирк, околу три и пол месеци по нивната јавна расправија.

Маск во еден момент се приближи и седна до Трамп, кој му ја подаде раката. Маск, кој некогаш го водеше Одделот за владина ефикасност (DOGE) на претседателот, беше меѓу двајцата што седеа на трибините на стадионот во Глендејл, Аризона, каде што десетици илјади луѓе се собраа за да му оддадат почит на Кирк, кој беше убиен на 10 септември на универзитетски кампус во Јута.

Видео од средбата меѓу двајцата најмоќни луѓе во светот беше споделено од официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа X, чиј сопственик е Маск. Маск донираше повеќе од 270 милиони долари за претседателската кампања на Трамп.

Се караа околу законите за даноци и трошење

Маск се раздели со Трамп околу законот на Трамп за даноци и трошење, кој Маск го нарече „апсолутно луд и деструктивен“. Расправијата, која се одвиваше претежно на социјалните медиуми, доведе до тоа Маск да го обвини Трамп дека е во „досиејата Епстин“, документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Во јули, Трамп рече дека ќе ја „разгледа“ идејата за депортација на Маск. По тепачката, Маск дури објави дека ја основа својата партија „Америка на прво место“.

Маск објави фотографија на својот X профил од него и Трамп како седат заедно на комеморација, со наслов: „За Чарли“.

Не е познато дали тоа била нивната прва средба откако имале јавна тепачка. Трамп им рече на новинарите дека Маск „дошол до него и го поздравил“.

„Разговаравме малку. Имавме многу добри односи. Беше убаво што дојде“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот