
ВИДЕО| „Маша, не коментирај ништо“: На Марија Захарова и заѕвони телефон среде брифинг, сите ја слушнаа наредбата од Кремљ
Таен јавувач го прекина пресс брифингот на руското Министерство за надворешни работи за да го спречи протекувањето на информации за наводното распоредување на интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) насочени кон цели во Украина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Портпаролката Марија Захарова беше среде пресс конференција, а новинарите и поставуваа прашања, кога нејзиниот мобилен телефон заѕвони со наводна наредба.
Се слуша глас преку телефон кој и наложува да „не коментира“ за утринскиот напад на Украина.
„Маша, ударите врз Јажнус во Днепар со балистички проектили, што го коментираат западните медиуми и политичари , не го коментирај “, се слушнал наредбен глас преку телефон.
wow, in the middle of her press briefing just now, Russian Foreign Ministry spokeswoman Maria Zakharova got a phone call from someone instructing her not to comment on today’s ICBM allegations. pic.twitter.com/rH3fpoxIHQ
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) November 21, 2024
Делови од нивниот разговор можеа да се слушнат преку два микрофони поставени пред неа.
Ако се потврди дека Владимир Путин лансирал интерконтинентална балистичка ракета , тоа би било првпат да се користи толку моќно оружје со долг дострел во војната во Украина.
Во нападот врз Днипро (Дњепар), наводно бил лансирана интерконтинентална балистичка ракета, како и неколку други балистички ракети.
Се верува дека употребата на овие ракети е одговор на Русија на одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи ATACMS длабоко во руската територија.

Западен функционер се сомнева дека се работи за интерконтинентална балистичка ракета
Западен функционер изјави за новинарите дека проектилот што го лансира Русија е балистичка, но не и интерконтинентална балистичка ракета.
Официјалниот претставник одби дополнително да ја опише ракетата, велејќи дека нејзините ефекти сè уште се проценуваат.