Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Марко Новески емотивен по првите чекори на ќерката Веда: „Магично чувство“

Водителот Марко Новески, кој пред 16 месеци стана татко на близнаците Вања и Веда, ја разнежни јавноста со последната објава на својот инстаграм-профил.

„Пред некој ден, додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фатив и првите чекорчиња на Веда“, напиша гордиот татко, споделувајќи видео од моментот кој го доживеал заедно со сопругата Цена.

Новески, познат по тоа што редовно објавува видеа со своите деца, во оваа прилика искрено зборуваше за емоциите што ги носи овој посебен момент.

„Одењето го сфаќаме здраво за готово, сè додека не го видиме и доживееме целиот процес на учење и совладување на оваа вештина, која им отвора нов свет за истражување и комуникација. Не можеш да останеш рамнодушен – како и ти одново да почнуваш да го истражуваш светот заедно со нив. Магично чувство“, раскажа водителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот