Фото: Скриншот/Фејсбук

ВИДЕО | Ману Чао во Скопје: Светската музичка ѕвезда запеа во позната кафеана во Аеродром

Францускиот пејач Ману Чао изненадно ја посети Македонија и помина едно попладне со пријатели во скопската населба Аеродром.

Тој сподели видео на своите социјални мрежи и напиша порака во која откри дека уживал во дружење и музицирање во една позната кафеана.

„Другари од Аеродром! Волшебно застанување во ‘Мезе бар’, Аеродром. Секогаш има огромна енергија кога ќе си ги видам сите пријатели таму! Ова е моето семејство со душа! Едвај ја чекам следната средба! Секогаш сум благодарен“, напиша пејачот и додаде дека „се гледаме наскоро“.


Посетата предизвика голем интерес кај неговите македонски обожаватели, а еден од нив на социјалните мрежи прокоментира: „Замисли да излезеш на кафе или на пијачка и таму да го видиш Ману Чао. Штета што не го погодив денот, па макар случајно“.

Ману Чао, познат по хитовите „Clandestino“ и „Me gustas tú“, важи за еден од најомилените уметници во регионот. Тој одржа неколку концерти во Скопје, а последен пат во 2022 година, во рамки на фестивалот „Таксират“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот