фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО: Манчестер јунајтед убедливо го совлада Евертон, еврогол на Гарначо

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го победија Евертон со 3:0 во натпреварот од 13 коло во Премиер лигата.

Стрелци за Јунајтед беа Алехандро Гаранчо во третата, Маркус Рашфорд од пенал во 56 и Ентони Марсијал во 75 минута.

Јунајтед ја забележа осмата победа во првенството и со 24 бодови го зазема шестото место на табелата.

Евертон по одземањето на 10 бода поради кршење на финансискиот фер-плеј се израмни на последното, на 20 место со четири бода.

Во следното коло Јунајтед ќе му гостува на Њукасл, додека Евертон оди кај Нотингем форест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот