мери амбросова
Фото: Инстаграм, Мери Амбросова

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

Денес рускиот претседател Путин ѝ објави војна на Украина. Тој во обраќање утрово рече дека „само“ сака да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ својот сосед.

Мери Амбросова е нашинка во Украина, Македонка на која веќе неколку години живее тука со нејзиниот сопругот Украинец. Таа на својот инстаграм-профил се огласи за да се заблагодари на добиените пораки и молитви и да раскаже каква е моменталната состојба таму.

„Јас патувам моментално и за да изгубам време се обраќам на Инстаграм, затоа што Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 часа и знаете дека затворени се границите.

Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се растревожени.

Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум прво во шок. Првпат во живот да почувствувам вакви емоции.

Сите руски блогери изигруваат дека сè е во ред, никој не се побуни против ова што се прави. Буквално сите курсеви што се руски се поддржани од Украинци и никогаш немало ништо против Русите и ова е трагично што му се прави на овој народ.

мери амбросова
Мери Амбросова, Фото: Инстаграм

До последно тие беа за мир и сè да се реши по мирен пат, но ете така испадна. Фала ви на поддршката, не можам да ви вратам на сите пораки во инбокс, затоа се пуштам во живо.

Киев беше блокиран, сега едвај излеговме на автопат, тука се невидени гужви.

Единствено нешто што може да земете со вас е духовното, материјално можете да земете, дел од сето она што сте го направиле може да го земете со вас. Бог знае како ова ќе заврши, идат огромни промени.

Чувствувам нескопој дека нема да стигнеме до граница. Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имаме уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знаеме дали ќе успееме да поминеме или не.

Мене ми се понуди помош за да излезам и тргнав кон Скопје. Благодарна сум за таа помош, инаку јас буквално немаше да знам што да правам.“

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот