
ВИДЕО: Македонија со одлична игра го прегази Лихтенштајн и го продолжи мундијалскиот сон!
Македонската фудбалска репрезентација одигра една од најдобрите натпревари во квалификациите и на домашен терен го „прегази“ Лихтенштајн со убедливи 5:0, целосно оправдувајќи ја улогата на фаворит.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од самиот старт, избраниците на селекторот ја презедоа иницијативата и натпреварот се играше речиси исклучиво пред голот на гостите. Ваквата офанзива брзо вроди со плод, веќе во 15. минута, Елиф Елмас направи вистинско ремек-дело. Со соло-проод во стилот на Лионел Меси, мина неколку противнички играчи и ефектно стрелаше за водство од 1:0. Иако имавме уште неколку шанси до паузата, мрежата на Лихтенштајн не се затресе повторно во првото полувреме.
Вториот дел започна во ист ритам, само што се вратија на теренот, македонските фудбалери повторно тргнаа офанзивно. Во 52. минута Енис Барди круниса одлична акција со погодок за 2:0, а четири минути подоцна и Дарко Чурлинов се најде на листата на стрелци. На 3:0 веќе беше јасно дека трите бода остануваат во Скопје. Во финишот од мечот. Ќамили и Лука Станковски ги поставија конечните 5:0.
Со оваа победа, Македонија се искачи на првото место во групата со 11 бода, еден повеќе од Велс и четири повеќе од Белгија, која има одиграно натпревар повеќе. Следното големо искушение е токму против Белгија на гостински терен, во октомври.