Фото: PSG

ВИДЕО: Луис Енрике е избран за најдобар тренер во светот

Со освоената тројна круна  втора во неговата кариера  која беше втора во неговата кариера Луис Енрике заслужено е прогласен за најдобар тренер во светот за 2025 година на церемонијата вечерва во Париз.

Иако не беше присутен во Париз за лично да ја прими наградата, поради обврските со ПСЖ кој вечерва го играше големото дерби против Марсеј, шпанскиот стратег се огласи преку видео-порака.

„Навистина е голема чест да се добие вакво признание. Но за мене, најголемата награда секогаш била поддршката од навивачите. Им честитам на сите добитници вечерва“, порача Енрике.

Ова е вторпат во кариерата Енрике да го понесе ова признание, откако првпат беше избран за најдобар тренер и во 2015 година.

Кај дамите, наградата за најдобар тренер ја доби селекторката на англиската репрезентација, Сара Вејман.

Фото: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот