фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

ВИДЕО | Луис Дијаз пристигна во Минхен – следуваат лекарски прегледи и потпис

Новото засилување на германскиот фудбалски клуб Баерн, Луис Дијаз (28), пристигна во Минхен рано утрово.

Баварскиот гигант ќе го ангажира Колумбиецот од Ливерпул за 67,5 милиони евра фиксна трансферна сума, која би можела да достигне до 75 милиони со бонуси.

Крилниот напаѓач денеска ќе ги има лекарските прегледи, по што ќе потпише договор од 4+1 година со германскиот шампион.

Во Минхен ќе заработува речиси пет пати повеќе отколку на Енфилд. Платата на Дијаз ќе биде 14 милиони евра годишно.

Тој ќе стане третото ново засилување на Баерн по Јонатан Та и Том Бишоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!