фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

ВИДЕО: Ливерпул и Манчестер сити ги поделија бодовите на „Енфилд“

Денеска во дербито на 28 коло во Премиер лигата ремизираа екипите на Ливерпул и Манчестер сити со резултат 1:1.

По првото полувреме на стадионот „Енфилд“ водеа играчите на Пеп Гвардиола со погодокот на Стонс после асистенцијата на Де Брујне во 23 минута.

Израмнувањето дојде на стартот од вториот дел во 50 минута кога „црвените“ израмнија од пенал кој го реализираше Мекалистер.

На табелата Арсенал е првопласиран со 64 бодови, колку и второпласираниот Ливерпул, додека на третата позиција е Манчестер сити со 63.

Во неделата се одиграа уште три натпревари: Астон Вила – Тотенхем 0:4, Брајтон – Нотингем 1:0 и Вест хем – Барнли 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот