Фото: Screenshot

ВИДЕО: Лига на шампиони вечерва ќе се игра и на стадион на второлигаш, а тревникот е во ужасна состојба

Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите, а еден дуел ќе се игра на теренот на второлигашот Гемгамп каде што Брест ќе го пречека Пари Сен Жермен.

Стадионот на Брест не ги исполнува условите на УЕФА, па затоа овој тим своите натпревари ги игра на стадионот на Генгамп. Сепак, многумина се изненадени од состојбата на тревникот на овој стадион.

На социјалните мрежи објавени се снимки кои ја покажуваат состојбата на тревникот на неколку часа пред натпреварот и на него има многу дупки и места на кои нема трева.

 

Сигурно дека ова не е терен на кој треба да се игра натпревар од Лигата на шампионите, па така фудбалерите ќе имаат потешкотии во контролирањето на топката.

Брест на почетокот од сезоната во Лигата на шампионите беше едно од најпријатните изненадувања, но потоа со три порази падна на 18. место доволно за плеј-офот. ПСЖ имаше ист број на бодови (13) и се најде на три места погоре.

Спектакл во Манчестер: Вечерва започнува нокаут фазата во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот