Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

ВИДЕО | Лига 1: Монако му одржа лекција на ПСЖ!

ПСЖ продолжи со лошите резултати од почетокот на годината.

Денес Галтие излезе на теренот против Монако без Мбапе, Меси и Верати и тоа Монако знаеше да го искористи. Одлично играше тимот од Кнежеството и веќе по 18 минути игра имаа предност од 2:0. Головин погоди по асистенција на Бен Једер, а потоа и Французинот се запиша во листата на стрелци.

Три минути по голот на Монако, ПСЖ преку Екитике имаше добра прилика, но Нубел добро реагираше. На спротивната со добри шанси возвратија Головин и Бен Сегир. Парижаните на пет минути пред крајот на полувреме преку Заире Емери намалија на 2:1.

Бен Једер со својот втор гол на натпреварот во второто полувреме ги постави конечните 3:1. Можеше францускиот напаѓач да дојде и до хет-трик, но Донарума одлично го одбрани неговиот удар пред истекот на еден час игра.

ПСЖ сега е во серија од два порази во низа, претходно Марсеј ги исфрли од Купот на Франција и сето тоа на неколку дена пред осминафиналниот натпревар против Баерн во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот