ВИДЕО | Левица: Власта го одби амандманот за укинување на балансерот при вработувања

Пратеничката група на Левица поднесе неколку амандмани кон Предлог-законот за внатрешни работи, меѓу кои и амандман со кој се предлагаше укинување на балансерот како критериум при вработувања и унапредувања во Министерството, со цел како што велат од партијата, воспоставување на систем заснован исклучиво на стручност, компетентност и интегритет.

Амандманот, кој го образложи пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, предвидуваше етничката припадност да не биде предуслов за влез и напредување во институциите, особено во МВР – како клучна, сензитивна, безбедносна институција, каде што критериумите треба да бидат исклучиво базирани на нивото на професионалност.

„Ние со овој амандман предвидуваме при вработување и унапредување во Министерството да не постои никаков друг критериум освен стручност, компетентност и интегритет на кандидатот. Сметаме дека е крајно време ваквите, особено етнички поделби, да не важат за институции како што е МВР“, истакна Исмаил на Комисијата за одбрана и безбедност.

Од Левица посочуваат дека амандманот бил одбиен без никакво образложение од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исиени, и останатите членови на Комисијата.

Според партијата, новиот закон наместо да го укине, само дополнително го зацврстува балансерот, што е пак спротивно на ветувањата и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот