
ВИДЕО | Кузеска: Власта аздиса и потроши 3 милиони евра на мобилна телефонија!
Само во првите пет месеци од оваа година и само дел од институциите под капата на власта склучиле договори за мобилна телефонија и интернет во вредност од 2,9 милиони евра, обвини денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција.
Препорачано
Според неа, власта приредува како што рече „уште една епизода на расипништво, аздисано трошење на парите на народот и целосна одлепеност за реалните проблеми на граѓаните“.
Во време кога народот нема за леб, инфлацијата расте и го јаде животниот стандард, во време кога луѓето пресметуваат дали да купат лекови или храна. Кога болниците немаат основни средства, пациентите носат завои од дома, нема лекови. Кога родителите во Кочани сами ги лекуваат децата повредени во трагедијата! Додека народот во Македонија страда, власта троши милиони евра за телефони. Малку им е егзотична храна, папаја, манго, малку им се покачени плати на функционерите, сега 3 милиони евра за телефони, на грбот на народот. Колку им е доволно на министрите да се најадат, да се напијат, да зборуваат на телефон – на сметка на граѓаните? Оваа власт не знае за граници. Па за тоа ли ги задолжија граѓаните со 7 милијарди евра? За ова ли да плаќа нашиот народ? Секој ден гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ја користи власта не за да им служи на граѓаните. Народот крпи крај со крај, а функционерите на Мицкоски се луксузираат, па сега уште и со службени телефони., туку за да им се изживува, рече Кузеска.
СДСМ бара власта веднаш да се откаже од оваа како што ја нарекоа „аздисаност“ и веднаш да ги намали драстично парите за луксуз на функционерите.
Парите треба да се пренаменат за оние на кои им се најпотребни. Не може да нема пари за плати на народот, за болници, градинки, за загинатите и повредените од Кочани а функционерите да трошат 3 милиони евра за телефони, рече Кузеска.