Крсте Велкоски се враќа во дресот на „романтичарите“/Фото: Принтскрин/facebook.com/fcrabotnicki

ВИДЕО: Крсте Велкоски повторно ќе игра за Работнички

Крсте Велкоски (34) после скоро деценија се враќа во нашата земја, поточно во Работнички чиј дрес по третпат ќе го носи во кариерата. Беше дел и од шампионските времиња, играше во периодот 2006 – 2008 и во периодот 2011 – 2013 година. Пред еден месец официјално го раскина договорот со Сараево. Од босанскиот клуб најавија дека по завршувањето на играчката кариера Велкоски ќе се врати во бордо семејството во поинаква улога.

Од 2017 до 2022 настапуваше во Босна и Херцеговина, за Сараево каде пристигна во јануари 2014 година од Работнички за по две години да премине во јужнокорејскиот Инчеон Јунајтед.

По 18 месеци поминати во Јужна Кореја и Тајланд, тој се врати во Сараево во летото 2017 година и со многу успеси во последните пет години го носеше „бордо“ дресот.

Името на Велкоски, кој во меѓувреме стана капитен на тимот, се поврзува со сите успеси на ФК Сараево во последните неколку години. Со освоените три шампионски титули и три трофеи во Купот на БиХ, тој стана еден од најтрофејните фудбалери во историјата на клубот. Забележа 235 настапи, постигнувајќи 64 гола и забележа 44 асистенции. Со овој ефект тој стана еден од најдобрите 10 најдобри стрелци на Сараево во историјата.

– Се чувствувам многу среќен, затоа што се вратив дома. Тоа е секогаш посебно чувство. Емоциите кон Работнички секогаш се максимални, верувам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите во претстојната сезона – рече Велкоски.

„Романтичарите“ веќе ги започнаа подготовките за новата сезона, предводени од тренерот Љупчо Марковски веќе ги имаа и првите контролни средби. Триумфираа со 4:1 над Тетекс, ремизираа без голови со Победа и Брегалница Штип. Веќе е познато дека на отворањто на новата сезона во Првата лига, на 6 август ќе му гостуваат на повратникот во елитата, Силекс од Кратово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот