Крис Мартин - Фото: Принсткин/Јутјуб/

ВИДЕО | Крис Мартин повторно на „удар“ од јавноста откако на сцена повика две девојки од Израел

Фронтменот на популарниот британски бенд Крис Мартин се најде на удар по контроверзниот момент на стадионот Вембли, каде што одржа уште еден концерт со „Колдплеј“.

Крис Мартин, пејачот и лидер на бендот Колдплеј, се најде на „удар“ од јавноста поради начинот на кој се однесуваше кон своите израелски обожаватели за време на настапот на лондонскиот стадион Вембли во неделата. „Инцидентот“ се случил кога 48-годишниот Мартин од сцената повикал  две обожавателки кои ги прашал од каде се.

Кога одговориле дека се од Израел, дел публиката реагирала со свиркање и негодување, додека останатиот дел аплаудирала.

Потоа Мартин изјавил:

„Ќе го кажам ова. Многу сум благодарен што сте тука вечерва. Ве третираме како рамноправни луѓе на Земјата, без разлика од каде доаѓате. Ви благодариме што сте тука. Ви благодариме и ви благодариме што сте полни со љубов и љубезност.“

Потоа пејачот „ги поздравил луѓето во публиката од Палестина … иако можеби е контроверзно“, што предизвика стоечки овации од распродадената сала. „Верувам дека сите сме еднакви како луѓе“, повтори Мартин.

Корисниците на социјалните медиуми изразија „длабоко разочарување“ од настанот на платформата Икс, критикувајќи го Мартин за „понижување“ и „разоткривање на две девојки пред илјадници луѓе“ во „непотребно политизиран“ момент.

Еден обожавател му рече на уметникот да „одвои еден момент и да размисли за својот избор на зборови“, пишувајќи:

„Ова беше нетактичен и погрешен потег што дополнително ги дели луѓето и длабоко ги повредува некои од вашите најлојални обожаватели“. Друг пак додаде: „На Израелците треба да им биде дозволено да го слават својот идентитет на сцената без да мора да бидат убедени од некоја позната личност дека се „луѓе“. Тоа не треба да се каже. Ако Крис Мартин сакаше да одржи лекција на некого, требаше да бидат обожавателите, тие што исвиркаа“, „На крајот на краиштата, тој зеде две девојки кои најверојатно само сакаа да уживаат во музиката и ги направи мети. Иако искрено и од срце верувам дека неговите мотиви беа чисти, тој сепак ги направи двете млади девојки политички пиони во конфликт.“

Контекст на претходните настани

Крис Мартин веќе привлече внимание во мај 2025 година кога крена палестинско знаме на концерт во Калифорнија, изразувајќи колку е „среќен“ што го гледа.

Два месеци подоцна, за време на еден настап, Мартин рече: „Вчера имавме прекрасно палестинско знаме, денес имаме израелско знаме. Затоа, да им посакаме добредојде на сите луѓе. Ви благодарам, браќа и сестри. Ме прави среќен што двете групи можат да дојдат.“

Според извештајот во „Тајмс оф Израел“, израелските обожавателки кои беа исвиркувани во неделата изјавија за израелскиот јавен радиодифузер КАН дека „во дел од секундата“ размислувале да лажат и да му кажат на Мартин дека се од Малта.

„Не можевме и не сакавме да лажеме“, рече една од нив. „Беше малку страшно што 90.000 луѓе знаат дека сме оттука, но ние го кажавме тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!