Рајан Рејнолдс - Фото: ЕPA-EFE/KIM HEE-CHUL

ВИДЕО| Конечно откриено дали постоел конфликт меѓу ѕвездите на „Одмаздници“: Во целата приказна е вмешан Рајан Рејнолдс

Извори ги негираа гласините дека актерите Роберт Дауни Џуниор и Рајан Рејнолдс се скарале за време на снимањето на „Одмаздници: Судниот ден“, објавува „Дејли мејл“. Дауни го игра доктор Дум во филмот, но засега нема потврда дали Рејнолдс ќе ја повтори својата улога како Дедпул во проектот.

Сепак, кога Џо Роча во својот поткаст тврдеше дека двајцата познати актери имале конфликт на снимањето на филмот откако еден од нив направил шега што била премногу лична, некои корисници на социјалните мрежи шпекулираа дека станува збор за Рејнолдс и Дауни.

„Според она што јас го знам, била направена шега што била премногу лична, а со оглед на тоа што овие актери не се познавале добро, тоа ја преминало границата. И еден од актерите се налутил многу поради тоа, се соочил со другиот актер и тоа предизвикало голема расправија и ќе застанам тука, дека двајцата многу познати актери се скарале“, рече Рош.

Иако непотврдени, шпекулациите стигнаа до медиумите, а сега се демантирани. Изворот тврди дека „нема лоша крв“ меѓу колегите.

Во последните месеци, јавниот имиџ на Рејнолдс беше засенет од правната битка што тој и неговата сопруга, актерката Блејк Лајвли, ја водат против нејзиниот колега од „Ова завршува со нас“, Џастин Балдони.

Во декември 2024 година, Лајвли го тужеше својот колега за сексуално вознемирување и организирање кампања за клевета против него. Балдони ги негираше нејзините обвинувања и поднесе контратужба против неа. Покрај неа, тој го тужеше и нејзиниот сопруг. Сепак, судот ја отфрли неговата тужба во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот