Убиената 12-годишна Лола е пронајдена спакувана во куфер, оставен пред нејзиниот дом во Париз/Фото: Скриншот/ BFMTV

ВИДЕО | Кој ја уби Лола: 12-годишно девојче од Париз пронајдено убиено и спакувано во куфер

Случајот со бруталното убиство на 12-годишното француско девојче пронајдено во куфер во близина на нејзиниот дом во Париз, е обвиено со мистерија.

Истрагата за убиство е покрената откако бездомник наводно налетал на куферот доцна во петокот навечер и ја пронашол малечката Лола внатре.

Таа претходно била пријавена за исчезната од страна на нејзината мајка кога не се вратила дома од училиште.

Обдукцијата покажа дека на телото има видливи повреди како исеченици на грлото, а стапалата и зглобовите и биле врзани, а околу лицето имала леплива лента.

Француската телевизија BFMTV, исто така, цитираше полициски извор кој рече дека броевите 1 и 0 биле оставени врз нејзиното тело, прилепени со „направа“, а не исцртани или врежани.

Девојчето умрело од задушување, а трагите од испрсканата крв покажува дека била жива кога ја врзале со лента.

Снимката од видео надзор ја покажа Лола како влегува во нејзината зграда зад жена која подоцна беше видена како го влече куферот.

Еден локален жител изјави за BFMTV дека ја видел жената како го влече куферот наоколу.

„Ја видовме како влегува во зградата, таа беше сосема сама… ја видовме половина час подоцна со куфер, таа зборуваше по малку со сите, изгледаше како да е малку луда“, рече тој.

„Таа се мачеше да го носи куферот, мислевме дека тоа е поради тешки предмети внатре, а таа беше прилично слаба – никогаш не мислевме дека тоа е тело… Беше 17 часот и таа шеташе со тој куфер, дури и го остави надвор пред кафулето и отиде во пекарницата отспротива за да купи кроасан како ништо да не се случило“.

Ле Паризиен соопшти дека снимката од безбедносните камери ја видел и таткото на Лола и други лица кои се вклучиле во првичната потрага по неа.

„Ја гледаме Лола внатре“, рекол соседот кој ја видел снимката. „Но, малото девојче не е само. Со неа има жена на возраст од дваесет години. Госпоѓата ѝ прави гест како да ѝ кажува да дојде“, додавајќи дека „Лола воопшто не изгледала вознемирено“.

Четири лица се приведени, меѓу кои и жената видена на снимките, како и човекот кој ја пронајде Лола.

Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот