Венко Крстевски / Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски вели дека градот се соочува со опструкции од сите страни. Денеска на советот на општината настана тежок инцидент во кој вработена во општината е поврдена откако во нејзината глава со голема брзина заврши шише.

-Трета недела немаме согласност од миинстерката за финансии да ја отвориме детската градинка во која ќе се сместат 115 деца и ќе нема листа на чекање. Имаме опструкции од инспекциски служби што не си ја вршат работата за угостителските објекти каде е нарушена безбедноста. Денеска имаме опструкции во Советот. Повторно не се гласа меѓуопштинската соработка, гледам навреди, обид за физички пресметки нешто што е недозволливо. Тоа нема да го дозволам, рече меѓу другото Крстевски.

 

ВИДЕО | Тензии, тепачка во Совет на Кочани, повредена вработена со шише во глава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот